Ќе се збратимат Куманово и Нови Сад

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово ќе се збратими со градот Нови Сад, Република Србија. Ваква одлука денеска на 33та седница на Советот изгласаа советниците, во пресрет на празникот на градот.

Станува збор за соработка која ќе биде утврдена со дополнителен договор кој ќе го потпише градоначалникот Максим Димитриевски со тамошниот колега, за што денеска советот даде зелено светло.

Градовите ќе можат да се збратимат откако одлуката ќе влезе во сила во службеното гласило на општината.

Leave a Reply