Ќе се засадат нови дрвја на неколку локации низ Куманово

Сподели со своите пријатели

Нови дрвја ќе бидат засадени на повеќе локации низ Куманово, во рамки на продолжението на проектот „Урбано раззеленување за поздраво дишење“, информира градоначалникот Максим Димитриевски.

По должината на булеварот „Октомвриска револуција“ веќе се засадени над 200 садници, а во наредниот период, како што најави Димитриевски, ќе се засадат нови дрвореди на дел од булеварот „Трета МУБ“, како и во дворовите на СОУ „Перо Наков“ и ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“.

Целта на активностите е зголемување на зелените површини во урбаните средини и подобрување на квалитетот на воздухот, особено во деловите со интензивен сообраќај и во образовните установи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Без струја во Куманово денеска и утре неколку локации

Градоначалникот упати апел до граѓаните за поголема грижа кон новозасадените садници.

– Да покажеме сите одговорност, и со малку внимание и грижа да ги зачуваме засадените садници – тие се за сите нас, вели Димитриевски.

Никола Ивановски