Ќе се санираат оштетените сообраќајници и тротоари со бекатон во Куманово

Сподели со своите пријатели

Куманово избра две компании за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки на територија на Општина Куманово, соопштија денеска надлежните од одделението за јавни набавки.

Loading...

На тендерот се пријавиле пет компании, избрани се две кои ќе ги санираат оштетените површини во две зони од градот, источна и западна.

Вкупно за двете зони од општинскиот буџет за реконструкција и санација со бекатон плочки одвоени се 16.453.878 денари.

Како што е наведено на веб-страницата на електронскиот систем за јавни набавки, реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки за западната страна на Куманово, избрана е компанијата „Ибро комерц 21 Ибраим и др.“ од Липково. Општината од буџетот одвои 8 милиони 260 илјади денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка

За источната зона од градот за реконструкција и санирање на оштетени јавни површини на сообраќајници и тротоари со бекатон плочки, избрана е скопската компанија „Билд Инг. За оваа зона општината одвои 8.193.878 денари.

МИА