Ќе се реорганизира кумановската болница, пристигнуваат лекари од Скопје и Штип

Сподели со своите пријатели

Кумановската болница ќе претрпи реорганизација во работењето, откако 11 здравствени работници денеска се потврдени како позитивни на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Заразувањето, како што вели министерот ја компромитира работата на Инфективното одделение на Општа болница Куманово, дополнително и со еден лекар кој е заболен од претходно.

На помош на кумановската болница се упатени двајца лекари, еден од Скопје и еден од Штип.

Има потврдени позитивни случаи во кумановската болница и на Инфективната клиника.

– Се уште траат епидемиолошките анкети затоа што има позитивни случаи од рендген дијагностика и дел од општи лекари во дежурната служба. Врз основа на тие анкети и колку лица ќе бидат во самоизоалација ќе се реорганизира и останатиот дел од болницата односно другите одделенија, рече министерот Филипче.

Согласно бројот на заболени лица во Куманово, донесена е одлука да се продолжи полицискиот час во градот, почнувајќи од вечерва од 21 па до понеделник до 5 часот наутро, период во кој кумановци нема да можат да се движат.

Од вечерва до понеделник целосен полициски час во Куманово

Дополнително на тоа во работните денови почнувајќи од понеделник, полицискиот час за Куманово ќе важи од 16 часот попладне до 5 часот наутро со цел да се спречи ширењето на вирусот.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply