Ќе се реконструираат улици и чешмите со минерална вода во Проевце (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Чешмите со топлата минерлна вода од изворот во селото Проевце ќе бидат реконструирани за што веќе е нарачан и проект, а со новиот ребаланс на Буџетот на Општина Куманово кој ќе се најде пред советниците веќе следната недела, се предвидува реконструкција на неколку улици во селото. Ќе се нарача и идејно решение за реконструкција на зелениот парк.

Loading...

 

 

Ова вчера на седница на Советот на Општина Куманово го истакна градоначалникот Максим Димитриевски кој вели дека проектот кој го најавуваше пратеникот Мартин Костовски преку социјалните мрежи  е некомпленет.

– Главниот проблем со „Вруќа вода“, не само со чешмите туку и парковите, е што на времето во перидот кога министер бил Миле Јанакиевски е склучен договор со фирма „Премирум минерали“ и е дадена концезијата на водата на приватен концесионер кој долг период беше во застој и не инвестираше во таа локација, сега почна и изгради хотел. Имав средба со сопствениците на таа концесија пред месец дена и разговаравме во надлежностите за концесијата. Нивното толкување беше дека се концеисонери и на водата и на просторот околу самиот објект, нашето толкување беше дека ние сме сопственици на грдскиот парк и чешмите, го расчистивме тоа прашање и нарачаввме проекти за реконструкција на чешмите и сме во насока за идејно решение за реконструкција на зелениот парк кој е таму, рече градоначалникот Димитриевски.

 

Loading...

 

Градоначалникот, одговарајаќи на прашање на советничката Анета Шандева Доневска рече дека таму ќе има реконструкција на улици ако помине програмата на следната седница на Советот.

– Дали ќе има изграбда на улици бидејќи станува атрактивна зона, да ќе се случи на следната седница на ребалансот на буџетот има проекти за изграбда на улици во атарот на селото Провеце, ако помине програмата, а верувам дека и вие од опизицијата ќе ја подджите, можеби ќе успееме да преземеме сериозни санации на постоечкиот пат, изјави градоначалникот.

 

 

Сепак што се однесува до локацијата околу поранешниот хотел Куба, Димитриевски вели дека е неисплатливо да се инвестира, ниту да се урива објектот, а дека околината наликува на Чернобил.

Никола Ивановски / фото: Википедија

Loading...

Leave a Reply