Општина Куманово наскоро ќе започне со реконструкција на фонтаните на големиот плоштад, како и на сите фонтани пред Спортската сала.
Дополнително, во рамки на проектот ќе се обновува и комплетната урбана опрема на градскиот плоштад и мини-паркот пред спортската сала.
– Реконструкција на фонтаните на големиот плоштад, исто така сите фонтани пред спортската сала и дополнително комплетната урбана опрема на градскиот плоштад и во рамки на оној мини парк пред спортската сала, компанијата изведувач е „Хидротек ДООЕЛ“ од Скопје, вкупен износ на проектот е 5,8 милиони денари“, изјави градоначалникот Максим Димитриевски.
Во меѓувреме ќе се врши и довршување на реконструкцијата на малиот плоштад пред Центарот за култура. Фирмата која претходно ја спроведе реализацијата, според Димитриевски имала многу пропусти во работата, поради што Општина Куманово ќе води судска постапка против субјектот, а нова фирма ќе треба да ја доврши реконструкцијата.
Никола Ивановски