Ќе се реконструира железничката пруга Куманово – Бељаковце од железничкиот коридор 8, соопшти Владата по денешната седница.
Откако ја усвои Информацијата за реконструкција на железничката пруга, Владата го задолжи ЈП Македонски железници веднаш да пристапи кон формирање единица за реализација на проектот и акциски план во кој ќе бидат наведени сите активности за надминување на проблемите со утврдена динамика и временскиот рок.
Извор: МИА

