Ќе се реконструира улицата „Братство и единство“

Сподели со своите пријатели

Куманово ќе ја реконструира улицата „Братство и единство“ од влезот од меѓуградската автобуска станицасè до стариот градски парк, соопштија денеска надлежните.

Loading...

Како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки за реконструкција на оваа фреквентна улица од општинскиот буџет ќе бидат одвоени 11 милиони 805 илјади 310 денари.

По објавениот оглас за избор на компанија која ќе ги извршува градежните активности, од двете понуди од компании од државата избрана е кумановската, „КООП ИНЖЕНЕРИНГ ДОО“. Договорот е склучен на 18 август, годинава.

Лани, со пари од прекуграничен проект заврши изградбата на атмосферската канализација на оваа улица „Братство и Единство“.

Изградени беа 684, 5 метри, атмосферска канализација дел од проектот „Одржливи еколошки и здравствени придобивки во прекугранична област“ финансиран од Европската унија.

Во моментов, влезот на улицата е со вдлабнатини, отежнато е движењето на пешаците и на возилата.

На улицата сместени се повеќе установи, како административната зграда на „Чистота и Зеленило“, на агенцијата за поттикнување на развој на земјоделството, старскиот дом „Зафир Сајто“, ветеринарен-сточарски центар.

МИА

Loading...