Општина Куманово распиша тендер за реконструкција на објектот на месната заедница „Зелен рид“.
До Бирото за јавни набавки доставено е барање за прибирање понуди од изведувачи за реконструкција на објектот, за чија намена од буџетот на локалната самоуправа ќе бидат издвоени 330.000 денари без вклучен ДДВ.
Огласот е отворен до 9ти месецов, по што ќе се знае и која компанија ќе го добие тендерот.