Ќе се поврзат улиците „11 Октомври” и „11 Ноември” во Куманово

Сподели со своите пријатели

Оглас за избор на компанија која ќе го реконструира кракот помеѓу улиците „11 Октомври” и „11 Ноември” во Куманово.

Loading...

Ќе се поврзат улиците „11 Октомври” и „11 Ноември” во Куманово. Одделението за јавни набавки на Општина Куманово објави оглас за избор на компанија која ќе го реконструира кракот помеѓу двете улици во центарот на градот.

Според објавата, заинтересираните економски оператори треба да достават соодветна документација, потврда за регистрирана дејност, лиценца од Министерството за транспорт и врски, да имаат вработено соодветен кадар и да располагаат со повеќе видови механизација за извршување на градежниот зафат.

Од Одделението за јавни набавки информираа дека за реконструкцијата е планирано да се одвојат 4.915.000 денари без ДДВ, а понудите ќе бидат отворени на 17-ти овој месец.

Општина Куманово претходно ги отстрани времените објекти на ова подрачје, од кои најголемиот дел беа сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. На оваа локација имаше вкупно 24 времени објекти.

Leave a Reply