Се уште останува без одговор прашањето дали кошаркарите на Куманово утревечер ќе го одиграат мечот против Работнички во рамките на првата кошаркарска лига на Македонија.
Откако пред два дена управата на КК Куманово објави отворена војна против раководството на Македонската кошаркарска федерација, нема одговор дали ќе се изнајде заедничко решение и дали Куманово ќе биде дел од првенството.
Од управата на клубот утринава велат дека утре ќе се знае дали Куманово ќе го одигра мечот со Работнички во Градски парк. На нашето прашање од кого зависи, кратко ни одговорија: „Од Петар Наумовски“.
Loading...