Општина Куманово и косовската Општина Гнилане во наредниот период ќе ја интензивираат својата меѓугранична соработка преку искористување на ИПА фондовите, а до крајот на годината ќе се направи и декларација за збратимување, најавија денес двајцата градоначалници Зоран Дамјановски и Људви Назири.
Носител на иницијатива на ИПА 2 проектите за меѓугранична соработка помеѓу Косово и Македонија е токму Гнилане. Негде средина на октомври и втората половина на октомври ќе биде одржана и регионална конференција на европската канцеларија токму во Гнилане каде Куманово ќе зеде учество на таа конференција со што ќе се реактивираат микро регионите по иницијатива на европската канцеларија и на тој начин ќе сме поблиску до сите овие проекти – изјави Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово.
Како што истакна кумановскиот градоначалник тенденција е идната година оваа канцеларија да биде во Македонија, со што би се подобрила соработката на меѓудржавните региони.
Двајцата градоначалници најавија можност и за отворање на нов граничен премин Белановце – Станчиќ, но истиотото ќе може да се релизира кога Македонија ќе го заврши својот дел од патната инфраструктура.
Од косовска страна патот е завршен, чекаме од македонската страна. Тоа ќе биде голем бенифит не само за населението туку и за бизнисмените бидејќи многу се скратува патот – рече градоначалникот Назири.

