Куманово ќе гради канализациска мрежа во населбата Иго Тричковиќ (Пуковско) соопштија денеска надлежните од општината. Заинтересираните економски оператори за изградба на фекална канализација на главен колектор и краци 1-11 на улици населбата треба да достават потврда за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
Според објавата на електронскиот систем компаниите треба да достават лиценца за Б за изведување на градби од втора категорија, издадена од Министерството за транспорт и врски.
Компаниите кои ќе се пријават на повикот треба да поседуваат различни градежни машини и според објавата во последните пет години треба да има склучено и реализирано минимум еден договор за изградба на фекална канализација со вредност не помала од 16 милиони денари без вклучен данок на додадена вредност.
Јавното отворање на понудите е на 15 јуни, годинава.
МИА