Научниците од Европската вселенска агенција (ЕСА) и НАСА предупредија на опасност од голема соларна бура која, како што тврдат, ќе предизвика хаос на Земјата до крајот на неделата на радио и ГПС уредите.
Научниците велат дека очекуваната соларна бура била предизвикана од силна експлозија на Сонцето што се случила во вторникот.
До крајот на неделата очекуваат емисии на светлината на аурорусот во средните географски широчини.
Сончевата и хелиосферската опсерваторија на Европската вселенска агенција (SOHO) забележа многу светло и брзо коронално исфрлање на маса што се шири од југоисточниот крај на Сонцето.
Дополнително, опсерваторијата за соларна динамика на НАСА откри ударни бранови од експлозијата околу двата пола на Сонцето, објави Експрес.