Тешката финансиска состојба во која сезонава влезе Ракометниот клуб Куманово ја убива желбата на ракометарките за настап во домашната лига. Без хонорари, со лоши услови за тренинг, во неколку наврати сакаа да се откажат од понатамошните натрепварувања.
Управата изнајде начин да им излезе во пресрет, меѓутоа постојано обвинува градоначалникот на Општина Куманово за нерамномерно распределување на средствата од Сојузот на спортови преку кој локалната самоуправа ги подржува спортските клубови во градот.
Како што посочи Дамјановски, поголем проблем годинава направил нивниот настап во ЕХФ Челинџ Купот и патувањето во Шпанија.
Наша сугестија беше да се игра не едно место, да биде тука во Куманово, бидејќи тоа е драстичен квалитет на екипите, меѓутоа управата инсистираше да патува во Мадрид, од разбирливи причини, меѓутоа Куманово нив ги поддржа со негде 280.000 денари за да патуваат таму. Ако тоа сме го покриле како ставка, другите позиции не можат да бидат покриени, бидејќи ние инсистиравме и бевме преагресивно дочекани кога предложивме да платиме едно спиење на гостинската екипа овдека и да одиграме два натрепвари, меѓутоа тие имаа желба, дека тоа е прв пат таква шанса и ја разбирам и нивната желба и ентузијазам и тука се створи една дупка поголема – изјави Дамјановски.
Loading...
Дамјановски вели дека тој проблем им го посочил уште во септември, но и покрај тоа општината постојано ги поддржува со организирање автобуски превоз за натпреварувања во три категории.
Целиот буџет реализиран во програмата е од 12-13 милиони денари во зависност од година. Сега замислете ние бевме домаќини на спортска олимпијада, подржуваме футсал две екипи, годишно Куманово прави превози за 800-900 илјади денари само во една полусезона, неколку спортски екипи, поддржуваме борилачки спортови, атлетика, така да таа дупка што е направена тешко се враќа, а финансираме со симблолични средства од 350-400 илјади на годишно ниво машки ракомет и за информација на кумановската јавност, за Спортската сала плаќаме комплетно енергична енергија бидејќи таму е хаварична ситуација, никој ништо не плаќа таму – додаде Дамјановски.
Сојузот на спортови месечно до 120.000 денари оделува за електрична енергија за Спортската сала која е речиси во ничија способност, а ја користат скоро сите спортски клубови во градот.
По најавите да се преиспита одлуката за финансирање на кошаркарскито клуб Куманово, Дамјановски вели дека средствата би можеле да се прераспределат во зависност од настаните и квалитетот на екипите кои се натпреваруваат.
ЖРК Куманово моментално е третопозиционирана во домашната лига, а од своите редови ја даде и првата репрезентативка годинава. Настапуваше во европскиот куп и претендира за што подобар пласман и покрај лошата финансиска состојба во која се наоѓа.