Ќе има ли нови преговори меѓу Русија и Украина?

Сподели со своите пријатели

Според руските медиуми, за денеска е планирано продолжување на преговорите меѓу делегациите на Русија и Украина.

Loading...

Според информациите на агенцијата Тас, преговорите треба да се водат на територијата на Белорусија, во западната област на шумата Бјаловиеза.

Но, синоќа од кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган соопштија дека е малку веројатно дека украинската и руската делегација ќе се сретнат во преговорите планирани за денеска.

– Веројатно нема да се сретнат во среда. Можно е да биде одложено за неколку дена, во контакт сме со преговарачките тимови – изјави за Си-Ен-Ен портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин, пренесува Ројтерс.

Првата рунда преговори се одржа во понеделникот, а разговорите траеја пет часа.