Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Попладне времето ќе биде променливо облачно со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и во западните подрачја умерен ветер од северозападен и западен правец.
Во Куманово и околината ќе имаме сончево до умерено облачно време, со услови за слаби грмежи и врнежи во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе изнесува 22 степени.

