Ќе даде ли МОН пари за кровот на „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ кој протекува?

Сподели со своите пријатели

Кровот на основните општински училишта „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ сѐ уште протекува и неизвесно е како ќе се одвива наставата таму од септември.

Loading...

Ова прашање денеска беше покренато на седницата на Советот на Општина Куманово од советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што рече советничката Валентина Младеновска, ако кровот не се реконструира учениците и родителите ќе ја бојкотираат наставата.

– Советот на родители во „Крсте Мисирков“ одлучи од септември да не ги пушта децата на училиште ако не се реконструира кровот или не се најдат просторни капацитети каде би се организирала наставата до завршување на реконструкцијата, рече советничката Младеновска.

Се чека на Министерството за образование и наука

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски вели дека капиталните инвестиции се во рамките на ресорното министерство и тоа треба да го реконструира кровот.

Вели, дека и негово дете посетува настава таму и ако се организираат родителите да протестираат од септември тој ќе протестира со нив.

– Го разбирам револтот на родителите и ако дојде до протести јас ќе бидам протестант. И јас сум родител на дете кое таму учи и заедно ќе одам со нив пред ресорното министерство да протестирам ако се дојде до некој резултат. Овој проблем не е од вчера, втора година ова училиште има сериозни проблеми со протекување на кров, рече градоначалникот.

Како што додава тој, било поднесено барање до МОН уште кога министерка била Мила Царовска и добиле поддршка за проектот. Првично било пресметано дека се потребни пет милиони денари за реконструкција на кровот.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Секоја осма жена во светот заболува од рак на дојка, скринингот е многу важен (ВИДЕО)

– Направивме многу инвестиции и во сопственени средства, но за ова училиште кога го формиравме последниот буџет немавме доволно средства затоа што претходно добивме согласност од МОН да се направи целосна реконструкција од капиталните инвестиции од ресорното министерство, рече Димитриевски.

Општината не планирала пари, бидејќи тоа требало да го направи МОН

Градоначалникот појаснува дека општината не планирала пари за оваа училиште, оти веќе била во тек постапка тоа да го заврши ресорното министерство. Но, работите се смениле.

Со новиот министер била распираша и тендерска постапка, но поради поскапените градежни материјали пресметаните пет милиони денари не биле доволни. Сите нови понуди биле повисоки.

Тогаш Министерството за образование и наука реконструкцијата ја пренело во 2022 година со 10.000 денари само за да стои како ставка во програмата. Другите средства ги испланирале за 2023 и 2024 година.

– Во меѓувреме интервенирав до министерот и наидов на разбирање. Дали тоа ќе се рализира ќе видиме. Ветување е дека МОН ќе ја измени програмата и ќе предвиди над 6 милиони денари, по новно мислам дека се 8, со кои ресорното министерство ќе го завшри овој проект како приоритет, појасни градоначалникот.

Сепак, Димитриевски е скептик дека воопшто до крајот на годината би можеле да почнат градежни активности.

– Следува фаза на обезбедување на средства, промена на програмите во МОН, се распишува тендерска постапка, жалбени постапки… Очекувам до крајот на годината да има некој епилог за изобр на понудувач, ќе се влезе во зимски период кога не може да се работи и интервенцијата би се случила во 2023 година, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка

Цела година комбинирана настава

Коронавирусот ги врати сите ученици на редовна настава, но не и оние од „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.

Loading...

Тие одеа на комбинирана настава, дел со физичко присуство, а дел од дома, особено кога времето е врнежливо.

– Точно е дека има ученици во „Браќа Миладиновци“ кои не одат редовно на физичка настав, меѓу кои и моето дете. Сум разговарал со родителите, од една страна сте влезени во систем на МОН, од друга страна не сте планирале средства. Ресорното министерство ги поторшило парите во друг град, рече Димитриевски.

Времена санација не е решение

Градоначалникот побарал да се направи анализа за некаков вид на времена санација, но од стручните служби тоа било отфрлено, оти може да направи поголем проблем.

– Еекоа дека ако кровот се отвори ќе има поголем проблем и ќе се наруши функционалноста на целиот објект. Мора целиот кров да се промени, рече Димитриевски на денешната седница.

Тој појасни дека 90 отсто од училиштата до пред некоја година биле исти такви. Наместо парите да се трошат во улици и канализација, морале да се инвестираат во училиштата бидејќи континуирано не се вложува во образованието.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  77-годишна жена загина, откако во неа удрило „сузуки“ во Горно Којнаре

Во два наврати веќе била вршена санација

Според Димитриевски, во два наврати во минатото била вршена реконструкција на кровот на оваа училиште од страна на претходната директорка.

– Побарав информација од училиштето како граодначалник да добијат податоци што е преземано до денес и не добив такви податоци. Образложение на новата директорка е дека не постои документација за претходно преземени градежни активности, а средства се исплатни на фирмите што го работеле тоа, рече тој.

Loading...

Советот ќе реагира до МОН

Колку пари ќе се предвидат за оваа реконструкција и дали воопшто ќе дојде до неа, ќе се знае откако во Собрание ќе заврши

Советниката Елена Доцевска Божиновска од ВМРО ДПМНЕ вели дека ребалансот на Буџетот треба да заврши до крајот на неделата или почетокот на следната. Потоа треба да се види што конкретно министерството предвидело за овие две училишта.

– Сега се веројатно проблем се и ѕидовите и подовите. Овој проблем ќе биде поголем од што се чини, предлагам како совет, како бевме обединети за надминување на проблемот на албанските ученици за изградба на „Сами Фрашери“ исто така да бидеме обединети и за ова прашање. Се работи за поголем број ученици, образоваен процес кој веројатно од септември ќе биде нарушен и предлагам да донесеме како совет зкалучок претседателката да се обрати до МОН, рече таа.

Точката заедно со заклучокот дека Советот треба да испрати допис до МОН беше изгласан од советниците.

Никола Ивановски