Кит се насукал на брегот, а во неговиот стомак пронајдени шест килограми пластика (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Во тело на кит кој се насукал на брегот на Индонезија пронајдено е огромно количество на пластичен отпад.

Вработените во националниот парк Вакатоби пронашле леш на кит долг 9,5 метри, а во желудникот имал скоро шест килограми пластика. Китот, меѓу другото, проголтал 115 пластични чаши.

– Мештаните веќе се собраа околу мртвиот цицач и започнале да го распарчуваат неговото тело, рекол хари Сантосо, управник на националниот парк.

Сантосо рекол дека научниците од организацијата World Wildlife Fund и академијатана националниот парк Вакатоби во желудникот пронашле 5,9 килограми пластичен отпад – 4 пластични шишиња, 115 чаши, 25 ќеси, две папучи и други производи од пластика.

Пет тајни кои НАСА никако не сака да ги знаете (видео)

Loading...

– Не можеме со сигурност да ја утврдиме причината за смртта, но она на што наидовме е навистина ужасно, рекла биологот Дви Супрапти.

Лухут Бинсар Пандџаитан, индонезиски координирачки министер за поморски работи, смета дека оваа страшно откритие би требало да ја освести јавноста и потикне населението што помалку да ги користи пласитчните производи.

– Многу ми е жал поради ова. Пластичниот отпад веројатно се наоѓа и во тела на други морски животни, што е опасно и за нашиот живот, рекол тој.

Leave a Reply