Кирби: Лула како папагал ја повторува руската и кинеската пропаганда

Сподели со своите пријатели

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва „ја повторува руската и кинеската пропаганда како папагал“, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на САД.

Loading...

Кирби рече дека коментарите на Лула биле „едноставно погрешни“ и ја промашиле целта со „сугерирање дека САД и Европа некако не се заинтересирани за мир или дека ја делиме одговорноста за војната“.

Лула, по посетата на Кина и разговорот со претседателот на таа земја Си Џинпинг за време на викендот, рече дека САД треба да почнат да зборуваат за мир во Украина и дека САД треба да престанат да „поттикнуваат војна“, потсетува Би-би-си.

За време на неговата посета на Бразил во понеделникот, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров истакна дека Москва е благодарна на Бразил за неговото „јасно разбирање“ за актуелната ситуација.

– Им благодариме на нашите бразилски пријатели за нивната желба да придонесат за изнаоѓање начин за решавање на оваа ситуација – рече Лавров.

Бразил не им се придружи на западните земји во воведувањето санкции кон Русија и ги одби барањата за испорака на муниција на Украина.