Кирби: Кинеските пресретнувачи ризикуваат да бидат повредени

Сподели со своите пријатели

Неодамнешните опасни средби меѓу американските и кинеските сили во Тајванскиот теснец и Јужното Кинеско Море ја одразуваат растечката агресивност на кинеската војска, што го зголемува ризикот од грешка во која „некој би можел да биде повреден“, соопшти Белата куќа.

Loading...

„За жал, ова е само дел, повторно, од растечката агресивност на Кина со која се справуваме и подготвени сме да се справиме со тоа. Нема да помине долго пред некој да се повреди“, рече портпаролот на Белата куќа Џон Кирби.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, оцени дека „мерките преземени од кинеската војска се целосно разумни, легитимни, професионални и безбедни“, пренесува Танјуг, повикувајќи се на Ројтерс.

Кирби рече дека САД ќе продолжат да се залагаат за „слобода на навигација“ во воздух и во море.

„Секако би сакал да слушнам како Пекинг го оправдува тоа што го прават. Постојано се случуваат пресретнувања на воздух и море. Тоа го правиме и ние. Разликата е во тоа што кога чувствуваме дека треба да го направиме тоа, тоа го правиме професионално“, изјави Кирби.

Влошени односи и кавги

Тој додаде дека ако Кина сака да ги искористи овие потези за да ја пренесе пораката дека САД не се добредојдени во таа област или дека сакаат американските авиони и бродови да престанат да летаат и пловат, нема да успее.

Во екот на влошувањето на кинеско-американските односи, американската морнарица објави видео со коментар „небезбедна интеракција“ на кој е прикажан ризичниот момент кога кинески воен брод пресретнал курс на американски ракетен разурнувач во Тајванскиот теснец.

Блиската средба дојде откако двете земји разменија обвинувања за недостиг на преговори меѓу воените претставници и несогласувања за речиси сите важни прашања – од економијата и трговијата, до Тајван и конфликтот во Украина, што предизвикува стравувања дека споровите меѓу Пекинг и Вашингтон може да излезе од контрола.

Loading...