Кирацовски: Време е за одлука, не можеме да чекаме уште 27 години

Сподели со своите пријатели
Интегрален текст: Коалиција „Заедно за европска Македонија“
Изјава на Александар Кирацовски, пратеник во Собранието на Република Македонија

Во недела одлучуваме за нашата и иднината на идните генерации.

Имаме историска шанса да ги реализираме децениските стратешки интереси – влез во ЕУ и НАТО.

Со влезот во НАТО и започнувањето преговори со ЕУ, Македонија станува дел од најголемите светски сојузи и рамноправна со најмоќните држави во светот.

Тоа значи обезбедена и сигурна иднина, но и повеќе инвестиции, нови работни места и повисок животен стандард за сите граѓани.

Сите знаеме: овој договор е гаранција за влез на Македонија во ЕУ и НАТО.

Но, овој договор, истовремено го потврдува нашиот македонски идентитет. Ние сме Македонци и секогаш ќе бидеме Македонци. Нашиот македонски идентитет и јазик, нашите граници, знаме и химна – сите тие ќе бидат засекогаш признаени и заштитени од целиот свет.

Со прифаќањето на договорот го расчистуваме патот до ЕУ и НАТО и го зајакнуваме македонскиот идентитет.

Затоа е потребно во недела масовно да излеземе и да гласаме ЗА европска Македонија.

Не можеме и не смееме да чекаме уште 27 години. Време е за одлука. Време е да изградиме држава по европски правила.

Loading...

Leave a Reply