Кипарските Турци негираат дека Иран го користи северен Кипар за своите активности

Сподели со своите пријатели

Властите во меѓународно непризнатиот турски дел на Кипар ги негираа „неоснованите и злонамерни обвинувања од страна на Израел“ дека Иран ја користел територијата на северен Кипар за „терористички цели“, пренесе Ројтерс.

Loading...

Институциите во непризнатиот турски северен дел на Кипар издадоа соопштение во понеделникот, откако канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху еден ден претходно соопшти дека Израел му помогнал на Кипар да спречи напад на островот, предводен од Иран, врз Израелците и Евреите, објави Ројтерс.

Канцеларијата на Нетанјаху не соопшти детали за планираниот напад, но во соопштението на разузнавачката агенција Мосад се вели дека Израел е загрижен дека северен Кипар се користи за ирански цели, „и за терористички цели и за оперативни и транзитни цели“.

„Израелската влада продолжува да дава изјави кои не се во согласност со фактите, со цел да го оттргне вниманието од нејзините нехумани напади во Газа и на Западниот Брег“, изјавија кипарските Турци.

Одговарајќи на тврдењата на Тел Авив дека Иран го користи северен Кипар за терористички активности, институциите на таа територија објавија дека „најостро ги отфрлаат таквите неосновани и злонамерни обвинувања на кои им недостасува доказ“.

Северниот дел на Кипар е територија признаена како држава само од Турција.

Кипарските Турци велат дека северот нема да биде вовлечен во „мрачни и валкани игри“ и дека ќе продолжат решително да ја чуваат безбедноста на сите луѓе што живеат таму.

Во неделата, еден кипарски грчки весник објави дека властите привеле двајца Иранци на сослушување за наводно планирање напади врз израелски граѓани кои живеат на Кипар.

Loading...