Четири лица го загубија животот во голем шумски пожар, кој беснее на Кипар веќе втор ден, соопштија денеска кипарските власти.
Loading...
Пожарот зафатил големи делови од шумата, а врз ширењето на пожарот влијае и силниот ветер, пренесува Ројтерс.
Пожарот зафатил повеќе од десет населени места на површина од над 50 квадратни километри.
Се верува дека страдале египетски граѓани во планинската област меѓу градовите Лимасол и Ларнака.
Loading...
Кипар побара меѓународна помош за големиот шумски пожар што официјалните лица го опишаа како најлош во историјата на земјата.