Борбите со скакулци се доста популарни во Кина и тоа веќе илјадници години. Меѓутоа, како дошло до процут на економијата во последните години, така љубителите на овој чуден спорт се повеќе пари вложуваат во овие борби.
Еден кинески град изграидл цела индустрија од скакулци само на основен факт дека тука живеат најголемите скакулци во Кина, за кои многумина велат дека се супериорни. За тоа колку ова е добар бизнис зборува и фактот дека Кинезите се подготвени да издвојат и до 8.000 долари за најдобриот примерок од одреден вид. Традицијата на борби со скакулци датира уште од времето на династијата Танг (618 – 904), а како најдобри за борба се покажале скакулците од околината на градот Сидиан, во провинцијата Шандонг, кои се познати по својата големина, но и агресивност.
Обично сите кинески цареви нарачувале скакулци од Сидиан, а денес тоа го прават кинеските богаташи, кои од ден на ден се во се поголем број. Кон крајот на летото и почетокот на есента околу Сидиан започнува наезда на скакулци, кои се слушаат деноноќно. Живелите на овој град, но и околните села, знаат дека тоа е период кога може да заработат најмногу пари. Токму затоа минуваат часови чекајќи ноќе да ги фатат овие инсекти, кои се прилично спретни во бегањето.
Всушност, се проценува дека дури 80% од жителите на овој град секоја година одат во лов на скакулци кои подоцна ги тренираат за борба. Колку е голема заинтересираноста зборува и податокот дека во овој период од годината се полнат хотелите, затоа што тука доаѓаат луѓе од цела Кина во лов. Скоро секое домаќинство во градот е поврзано со скакулците, било да станува збор за набавка или организација на борби.
Сидиан претставува најголем пазар за скакулци во Кина, а оние наспособните трагачи знаат да заработати до 15.300 долари само во август. Сепак, не секој скакулец е ист – има и такви кои чинат само еден долар, па до оние од илјадници. Оваа година фармер од селого Каоџиа наводно нашон највреден скакулец, кој бил продаден за 2.300 долари, иако некои велат дека највисоката цена била 8.000. Според пишувањето накинеските медиумите, најскапиот примерок бил во 2014 година, скакулец вреден неверојатни 46.000 долари.
Борбите со скакулци биле забранети за време на револуцијата, затоа што се сметале за бурожаска забава. Меѓутоа, овие борби претставуваат вистинска кинеска традиција и затоа во псоледните години се доста актуелни.
Дури и жителите на Сидиан кои во текот на годината работат во други градови задолжително земаат одмори во август и одат во лов. исто така, градот има и ловци пд Шангај.
Инаку составот на почвата околу Сидиан е таков што тука растат најголемите скакулци во Кина. во текот на изминатите години еколозите укажувале на опасноста од се помалиот број скакулци во Сидиан, но желбата за профит сепак е посилна.
Loading...