Кинеско вселенско летало наскоро ќе падне на Земјата, но никој не знае каде (видео)

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти потврдуваат дека во септември минатата година изгубиле контрола над лабораторијата и таа наскоро ќе падне на Земјата, а во мај се известени и Обединетите нации дека тоа ќе се случи помеѓу октомври 2017 и април 2018 година.

Се очекува поголемиот дел од лабораторијата, долга 10 метри, да изгори при влегувањето во атмосферата, но Џонатан Мекдауел, астрофизичар од Харвард, изјави дека парчиња тешки и до 100 килограми може да ја погодат површината на Земјата.

Каде ќе падне леталото, засега е предмет на нагаѓања помеѓу експертите.

Дури и најмали промени во атмосферските услови може да го изместат местото на слетувањето од еден на друг континент. Дури и два дена пред да влезе во атмосферата, веројатно нема да знаеме ништо, вели Мекдауел.

Неконтролираните падови на големите вселенски летала иако се ретки се случувале и претходно. Советската вселенска станица „Салут7“ падна на Земјата во 1991 година, додека „Скајлаб“ на НАСА падна во Западна Австралија во 1979 година.

„Tiangong 1 што значи рајска палата, лансиран е во септември 2011 година. Служел како прототип на трајна вселенска станица која Кина планира да ја изгради. Азискиот џин планира да ја лансира станицата со луѓе во орбитата до 2020 година.

Леталото ја завршило својата служба во март. Лабораторијата била база за вселенски експерименти четири и пол години, две години подолго од предвиденото.

На неа биле две тричлени екипи, вклучувајќи ја првата жена астронаут од Кина, Луи Јанг која престојувала таму во 2012 година.

Кина рекла во ООН дека шансите леталото да направи некаква штета при падот се многу мали и дека внимателно ќе се следи падот на „Tiangong 1“.

Loading...