Кинеските власти прогласија победа над коронавирусот

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти прогласија „решителна победа“ над Ковид-19, истакнувајќи дека нивните напори покажале дека повеќе од 200 милиони луѓе добиле медицински третман и имаат најниска стапка на смртност во светот.

Loading...

„Со континуирани напори за подобрување на мерките за превенција и контрола на Ковид-19 од ноември 2022 година, одговорот на Кина на короната направи непречена транзиција за релативно кратко време“, рече Постојаниот комитет на кинеското Политбиро на состанокот вчера.

Како што рекоа, постигната е голема решавачка победа во превенцијата и контролата на епидемијата.

Речиси 800.000 тешки случаи добиле соодветен третман, но официјалните лица предупредија дека иако епидемиолошката ситуација во Кина се подобрува, вирусот сè уште се шири на глобално ниво и продолжува да мутира, пренесува Ројтерс.

На средбата беше истакнато дека Кина ќе ја зголеми стапката на вакцинација за старите лица и ќе го зајакне снабдувањето и производството на медицински производи.

Според кинеската новинска агенција Ксинхуа, Постојаниот комитет на кинеското Политбиро ги повика сите локални власти да го зајакнат системот на медицински услуги.

Во декември, Кина ја укина својата речиси тригодишна строга политика на нулта толеранција за корона вирусот, по протестите против строгите владини антивирусни ограничувања, потсетува британската агенција.