Кинеските компании ги откажуваат летовите за Тел Авив

Сподели со своите пријатели

Единствената кинеска авиокомпанија која лета меѓу Кина и Израел, Хаинан ерлајнс, го откажа денешниот лет меѓу Тел Авив и Шангај, поради неповолната безбедносна ситуација во Израел.

Loading...

Оваа компанија, која оперира со летови меѓу Пекинг и Тел Авив, како и меѓу Шенжен и Тел Авив, најави дека ќе ги прилагоди идните планови за летови на ситуацијата во Израел, пренесе Ројтерс.

Cathay Pacific, исто така, соопшти дека го откажала утрешниот лет меѓу Хонг Конг и Тел Авив и дека ќе објави нови информации за тој лет во четврток.

Неколку меѓународни авиокомпании ги прекинаа летовите до Тел Авив поради нападот на палестинскиот Хамас врз Израел, во очекување на подобрување на безбедносните услови.

Американските авиокомпании Јунајтед ерлајнс, Делта и Американ ерлајнс, како и француските Ер Франс, германската Луфтханза, Емирати, Рајанер и Аген ерлајнс во неделата објавија дека ги прекинуваат директните летови до Тел Авив до понатамошно известување, пренесува Танјуг.

Летовите беа откажани и од шпанската Iberia Express, италијанската ITA Airways и полската LOT, објави BBC News.