Стаклениот мост во Кина започна да се „крши“ под нозете на туристите, пренесува агенцијата РИА.
По поминувањето на водичот на групата, на стаклото се појавиле пукнатини и се слушнале звуци на кршење. Човекот паднал на колена и започнал да вреска. Од друга страна во тоа време друг човек поминува сосема мирно.
Бидејќи снимката предизвика реакции на социјалните мрежи, тамошните власти во округот каде се наоѓа мостот, за медиумите велат дека стаклото кое се крши е посебен панел со специјални ефекти.
Такви панели се поставени на неколку делови на мостот за да им го свртат вниманието на туристите.
Loading...