Кинескиот министер за надворешни работи неделава во Германија, Шпанија и Франција

Сподели со своите пријатели

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји оваа недела патува во Европа за да учествува на Минхенската безбедносна конференција во Германија, соопшти денеска ресорното министерство.

Loading...

Во европската турнеја на Ванг, закажана од 16 до 21 февруари, ќе бидат вклучени и Шпанија и Франција, каде што ќе учествува во стратешкиот дијалог меѓу двете земји, објави кинеската дипломатија.

Посетата на кинескиот министер на Шпанија ќе биде прва по шест години, додека посетата на Франција е во чест на 60-годишнината од дипломатските односи.

Во 1964 година, Франција, под водство на генералот Шарл де Гол, беше првата голема западна земја која воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пожар во дом за стари лица во Шпанија, најмалку десет жртви

Конференцијата во Минхен, која почнува утре, секоја година собира елити од целиот свет и треба да биде вистински барометар на трансатлантските односи.

Ванг ќе одржи говор на таа конференција.

Во Минхен се планирани серија билатерални средби на странски лидери на кои ќе се разговара за поддршката на Украина во војната против Русија и ситуацијата на Блискиот Исток.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен е дел од американската делегација предводена од американскиот потпретседател Камала Харис.

Loading...