Кинескиот балон собрал чувствителни податоци за американски бази

Сподели со своите пријатели

Кинескиот шпионски балон што неодамна беше соборен кај американскиот брег успеал да собере разузнавачки информации за неколку чувствителни американски воени постројки и покрај напорите на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да го блокира.

Loading...

Оваа информација за NBC ја потврдија двајца високи американски функционери и поранешен висок функционер.

Кина го контролираше шпионскиот балон и успеа да го прелета над неколку американски воени инсталации во неколку наврати (во неколку наврати летајќи со бројка од осум) и да ги испрати собраните информации во Пекинг во реално време, изјавиле тројца официјални лица за NBC.

Кои податоци се испраќаат?

Главно се работело за електронски сигнали кои можат да се откријат од некои системи на оружје или комуникација на персонал од воените бази, велат официјалните лица, додавајќи дека не станува збор за фотографии.

Тројцата официјални лица рекоа дека Кина можеше да собере многу повеќе разузнавачки податоци доколку не биле напорите на американската администрација да ја наруши способноста на балонот да собира електронски сигнали и да ги испрати назад кон Кина, според NBC.