Кинески власти: Можноста за втор бран на епидемијата сè уште релативно голема

Сподели со своите пријатели

Растечкиот бран на увезени случаи на коронавирус ѝ се заканува на Кина со втор бран на инфекции, во деновите кога „во основа е запрен локалниот пренос на вирусот“, изјави во неделата портпаролот на националната комисија за здравство.

Loading...

„Кина веќе има вкупно 693 заразени кои потекнуваат од странство, што значи дека можноста за нов бран на епидемијата е сè уште релативно голема“, рече портпаролот Ми Фенг.

Рекорден број на жртви во Шпанија

Во изминатите седум дена, Кина објави 313 увезени случаи на коронавируси, но само шест потврдени случаи на локална трамсимисија на вирусот, според комисијата.

Повеќето од увезените случаи вклучуваат Кинези кои се вратиле од странство.

Вкупно 3.300 луѓе починаа во Кина, а 81.439 се заразени.

Leave a Reply