Кинески брод се судри со филипински

Сподели со своите пријатели

Филипински брод е оштетен, а четворица членови на екипажот се повредени во судир со кинески брод во Јужното Кинеско Море, соопштија филипинските власти.

Loading...

Манила рече дека бродовите на кинеската крајбрежна стража користеле водени топови против филипинските бродови.

Кинеската крајбрежна стража и другите пловни објекти учествуваа во „небезбедни маневри и блокади“ и го предизвикаа судирот „што резултираше со мала штета на бродот на филипинската крајбрежна стража“, напиша офицер на филипинската крајбрежна стража на социјалната мрежа Х.

Филипинските бродови беа во операција на ротација и снабдување за вооружените сили на Филипините.

Кинеските државни медиуми објавија дека кинеската крајбрежна стража „законски презела акција против филипинскиот брод“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Политичар во Јужна Кореја е осуден поради лажење

Кина има право на речиси целото Јужно Кинеско Море, вклучувајќи ги и водите и островите во близина на бреговите на неколку соседни земји, и покрај пресудата на меѓународниот суд во 2016 година дека тврдењата на Пекинг немаат правна основа.