Кина затвори ученици цела ноќ во училиште поради еден ковид позитивен вработен

Сподели со своите пријатели

Училиште во Кина денеска беше затворено поради потврден случај на Ковид 19.

Loading...

Имено, училиштето кое се наоѓа во Пекинг затворило десетици ученици откако било откриено дека едно лице вработено во тоа училиште е позитивно на Ковид 19.

Голем број родители набрзо се собрале пред училиштето, кои со нетрпение очекувале каква било информација речиси до полноќ, јавува Би-би-си.

Децата на возраст од седум до 12 години биле тестирани и наводно им било кажано дека ќе ја поминат ноќта на училиште додека ги чекаат резултатите од тестот.

Според локалниот информативен портал Jim News, директорот на училиштето конечно се појавил околу 23:30 часот по локално време, а потоа им се обратил на родителите и најавил дека некои деца ќе мора да одат во карантин.

Тој ги замолил родителите да ја спакуваат облеката за децата кои остануваат на училиште преку ноќ и додал дека учениците ќе бидат ослободени следниот ден кога ќе бидат објавени резултатите, се наведува во извештајот.