Кина во понеделникот соопшти дека нејзината војска „нема да седи мирна“ доколку претседателката на Претставничкиот дом на САД Ненси Пелоси го посети Тајван.
Последното предупредување беше издадено за време на редовниот брифинг со новинарите на кинеското Министерство за надворешни работи.
Портпаролот Жао Лиџијан, исто така, рече дека поради статусот на Пелоси како „функционер број три на американската влада“, нејзината посета на Тајван, кој Кина го смета за своја територија, може да доведе до „ужасни политички последици“.
Пелоси треба да започне турнеја низ четири азиски земји во понеделник во Сингапур, во услови на интензивни шпекулации дека би можела да ризикува кавга со Пекинг со посета на самоуправниот Тајван, пишува Ројтерс.