КИНА СТИГНА НА МАРС: Ова се првите фотографии што ги испрати (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кина ги објави првите слики направени од роверот „Џуронг“ на Марс.

Loading...

Роверот планира да собере податоци за локалната географија и минералогијата на почвата за време на неговиот тримесечен престој на Марс.

Со слетувањето на роверот на Марс, Кина е втора земја по САД што успешно постави сонда на површината на Марс.

 

„Џуронг“ наликува на возилата на НАСА „ Spirit and Oportunity“, а тежи околу 240 килограми.

На високиот јарбол има камери и уреди за навигација, како и уреди за тестирање на минералогијата на теренот.

Кинеската национална вселенска агенција (ЦНСА) ги објави првите слики направени од роверот, на кои се гледа почвата на Марс.

Loading...

Планирано е роверот да собира податоци за локалната географија за време на неговиот тримесечен престој на Марс.

Кина го лансираше првиот модул на својата идна вселенска станица минатиот месец, а таа станица се очекува да ги прими првите луѓе во 2022 година.

 

Leave a Reply