Кинеската амбасада во Вашингтон ги предупреди своите граѓани во САД да внимаваат на личната безбедност, оценувајќи дека безбедносната состојба во САД е загрижувачка.
Loading...
Во соопштението на веб-страницата на кинеската амбасада се наведува дека во САД постои голема омраза кон Кина и дека многу Азијци се соочуваат со „злонамерни напади“, кои, како што се додава, сериозно ја загрозуваат безбедноста на кинеските граѓани, пренесува Ројтерс.
Меѓу загрозените, амбасадата ги истакна меѓународните студенти и вработените во институциите финансирани од Кина.