Кина се заблагодари на администрацијата во Тајван за помошта по земјотресот

Сподели со своите пријатели

Кинеската канцеларија за тајвански работи денеска изрази благодарност до организациите, претпријатијата и бизнисмените од регионот на Тајван за помошта по неодамнешниот земјотрес во Кина, пренесува Танјуг.

Loading...

Портпаролот на канцеларијата Чен Бингхуа на прес-конференција изјави дека тајванските донации за помош од земјотресот значат дека двете страни преку Тајванскиот теснец се „семејства“, објави Ројтерс.

Северозападна Кина на почетокот на месецов беше погодена од земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала во кој загинаа повеќе од 100 луѓе и уништија повеќе од 200.000 домови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови