Кина се согласи да ѝ помогне на Сирија, но со еден услов

Сподели со своите пријатели

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изјави дека Пекинг ќе ѝ помогне на Сирија да го заштити својот суверенитет и да воспостави стабилност во земјата, но нагласи дека Кина се противи на терористичките сили кои создаваат хаос.

Loading...

„Ситуацијата во Сирија наеднаш се промени. Кина ќе продолжи да го поддржува сирискиот народ“, рече Ванг на конференцијата посветена на меѓународната ситуација во 2024 година и кинеската дипломатија.

Во исто време, тој рече дека Кина „ќе се спротивстави на терористичките сили кои ја користат можноста да сеат хаос и ќе и помогне на Сирија да го заштити својот суверенитет и да ја врати стабилноста“, рече Ванг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина поднесе жалба до Светската трговска организација поради зголемувањето на царините во САД

По падот на Башар ал Асад на почетокот на декември, власта во Сирија ја презеде екстремистичката група Хајат Тарир ал Шам, а привремен премиер е Мохамед ал Башир.