Кина се противи на исфрлањето на Русија од Г20 поради инвазијата на Украина

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи изјави дека ниту една членка на Г20 нема право да „протера друга земја“ од Г20, по извештаите дека САД и нивните западни сојузници проценуваат дали Русија треба да остане во групата водечки економии по инвазијата на Украина.

Г-20 е неформален форум кој ги обединува министрите за финансии и гувернерите на централните банки на 20 економии.

„Русија е важна членка“, изјави за новинарите во средата портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, додавајќи дека Русија припаѓа на најголемите светски економии.

 

Кои се сценаријата во кои Путин би употребил нуклеарно оружје?

 

Тој подвлече дека Г-20 треба „да практикува вистински мултилатерализам“ и „да ја зајакне солидарноста и соработката“.

Амбасадорката на Русија во Индонезија, земјата која во моментов го одржува Г-20, Људмила Воробиева рече дека претседателот Владимир Путин „сака да оди“ на самитот на Г-20 во Бали подоцна оваа година.

 

ГРАД НА ДУХОВИ: Последни снимки од разрушениот Мариупол (ФОТО)

 

Таа рече дека присуството на Путин „ќе зависи од многу, многу работи, вклучително и од ситуацијата со Ковид, која се подобрува“.

Говорејќи пред новинарите во Џакарта, Воробиева рече дека се надева дека „индонезиската влада нема да попушти пред ужасниот притисок што Западот го врши не само врз Индонезија, туку и врз многу други земји во светот“.