Кина се подготвува за супер тајфун

Сподели со своите пријатели

Моќната бура Доксури ја поврати силата на супертајфун додека се приближува до југоисточна Кина, откако ги зафати Тајван и северните делови на Филипините со дожд и силни ветрови, предизвикувајќи потонување на брод, при што загинаа најмалку 25 луѓе, објави АФП.

Loading...

Ветровите околу центарот на бурата достигнаа брзина и до 187 километри на час, што го прави Доксури повторно највисокото ниво на кинеската категоризација на тропски бури.

Ферибот потона во близина на филипинската престолнина Манила, откако патниците вознемирени од силните ветрови се упатија на едната страна од бродот и го превртеа.

Дури 36 лица загинаа оваа недела за време на минување на бурата Доксури долж северниот дел на Филипините.

Во јужните окрузи на Тајван, бизнисите и училиштата беа затворени поради предупредувања за лизгање на земјиштето и поплави.

Сите домашни летови и ферибот беа прекинати, додека повеќе од 100 меѓународни летови беа откажани или одложени.

Запрен е и железничкиот сообраќај меѓу јужниот и источниот дел на Тајван.

Доксури се очекува да ја погоди Кина утрово во југоисточната провинција Фуџијан.

Loading...

Кинеската метеоролошка управа прогнозира дека Доксури ќе биде послаб од тајфунот Меранти во 2016 година, најсилната бура што го погодила кинескиот брег од 1949 година и убила најмалку единаесет луѓе.