Кина се брани по скандалозната изјава на нејзиниот дипломат

Сподели со своите пријатели

Кина го почитува статусот на независни суверени држави кои произлегоа од Советскиот Сојуз, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи, откако пратеникот на Пекинг во Париз предизвика дипломатска бура со доведување во прашање на нивниот суверенитет.

Loading...

Амбасадорот Лу Шаје во интервју емитувано на француската телевизија во петокот рече дека на поранешните советски земји како Украина им недостасува „вистински статус во меѓународното право“, што ги натера министрите за надворешни работи на неколку земји-членки на ЕУ да ги окарактеризираат неговите коментари како целосно неприфатливи.

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг го даде официјалниот став на владата за време на редовната прес-конференција во Пекинг, на прашањето дали Кина стои зад забелешките на пратеникот.

„Ние бевме меѓу првите кои воспоставија дипломатски односи со тие земји“

„Кинеската страна го почитува статусот на земјите-членки како суверени држави по распадот на Советскиот Сојуз“, рече Мао, додавајќи дека Кина е една од првите земји што воспостави дипломатски односи со тие држави.

Во однос на прашањето за територијалниот суверенитет, позицијата на Кина е конзистентна и јасна, рече таа. Кина го почитува суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на сите земји и ги поддржува целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации, нагласи Мао.

„Републиките создадени по распадот на СССР имаат статус на суверени држави“

На прашањето дали Кина ја признава Украина како суверена држава, Мао рече дека позицијата на Кина по ова прашање е објективна и правична.

„Советскиот Сојуз беше федерална држава, а надворешно како целина имаше статус на субјект на меѓународното право и обратно, по распадот на Советскиот Сојуз, различните републики имаат статус на суверени држави“, рече таа.

„И само суверени држави можат да станат официјални членки на Обединетите нации, додаде таа.

Loading...

„Земјата што ја споменавте е полноправна членка на Обединетите нации“, тврди Мао.