Повеќе од 80.000 луѓе се евакуирани поради обилните дождови и поплави во југоисточната кинеска провинција Сечуан.
По обилните дождови од петокот до неделата, нивото на водата на поголемите реки го надмина критичното ниво, објави Ројтерс, повикувајќи се на кинеските државни медиуми.
Dazhou, Sichuan.#China #Floods https://t.co/JT8frvT26f pic.twitter.com/tnQwNSRGyR
— WoodmanK (@WoodmanK417) August 8, 2021
Поплавите погодија повеќе од 440.000 луѓе во шест градови низ провинцијата.
Медиумите во саботата објавија дека силниот дожд веќе предизвикал економска штета во износ од 38,57 милиони долари во Сечуан. Четириесет и пет куќи беа уништени, додека 118 претрпеа сериозна штета.
За потсетување, минатиот месец поплави ги погодија централните области на Кина, а најмногу провинцијата Хенан.
Dazhou, Sichuan. #China #Floods pic.twitter.com/ESHtXACoGY
— WoodmanK (@WoodmanK417) August 8, 2021

