Кина претстави прототип на минијатурен хеликоптер за надзор на мисии на Марс, откако нивниот ровер направи историско слетување на Црвената планета пред неколку месеци.
Прототипот е сличен по изглед со роботскиот хеликоптер Ingenuity, кој НАСА го разви оваа година за својот Rover Perseverans.
Агенцијата соопшти дека хеликоптерот може да биде алатка за понатамошно кинеско истражување на Марс, но не даде повеќе детали.
Кина стана втора земја, по Соединетите држави, чиј ровер слета на Марс.
Во април, НАСА потврди дека нивниот минијатурен хеликоптер, тежок 1,8 килограми, успешно го заврши својот прв лет од 40 секунди и дека се искачи на висина од околу три метри, остана на место околу 30 секунди, а потоа се врати на површината на Марс ..
Хеликоптерот оттогаш полетал повеќе од 10 пати и поминал растојание од над два километри со време на летање од вкупно 20 минути.