Кинеската управа за сајбер простор (CAS) предложи да се усвојат правила кои ќе ги ограничат луѓето помлади од 18 години на максимум два часа дневно на нивните паметни телефони.
Според предложените правила, корисниците на возраст од 16 до 18 години би можеле да поминуваат два часа на ден на своите телефони, од осум до 16 години би добиле еден час, додека децата под осум години би имале само осум минути.
Покрај тоа, на малолетниците ќе им биде забранет пристап на интернет преку телефони од 22 до 6 часот наутро, пренесува Sky News.
Предлогот доаѓа во време кога кинеските власти се повеќе се загрижени за зависноста од интернет кај младите луѓе.
Доколку предлогот биде усвоен, тоа би можело да влијае на компаниите како сопственикот на TikTok, ByteDance, бидејќи CAC вели дека давателите на услуги ќе треба да наметнат временско ограничување според предложените правила.
CAC, сепак, вели дека родителите ќе можат да ги укинат ограничувањата за нивните деца.