Оваа година Кина ќе го зголеми буџетот за одбрана за 7,2 отсто – на 1,67 билиони јуани или околу 232 милијарди долари, се наведува во нацрт-буџетот објавен денеска на отворањето на Секинескиот народен конгрес.
Ова е исто зголемување како и минатата година, пишува South China Morning Post, додека Ројтерс наведува дека воениот буџет е повеќе од двојно зголемен во изминатата деценија, за време на мандатот на претседателот Си Џинпинг, и потсетува дека во 2013 година, воениот буџет на земјата изнесуваше 720 милијарди јуани.
Премиерот Ли Кианг, презентирајќи го извештајот за работата на владата пред Националниот народен конгрес, кој денеска ја започна својата седница, рече дека земјата „сеопфатно ќе ја зајакне воената обука и борбената готовност“ и „цврсто ќе го заштитува националниот суверенитет, безбедноста и развојните интереси“.
Ли истакна дека Пекинг решително ќе се спротивстави на „независноста на Тајван“ и странското мешање, според South China Morning Post.
– Пекинг ќе го промовира мирниот развој на меѓутесните односи и „непоколебливо“ ќе ја унапреди целта за повторно обединување, додаде тој.
14. Национален народен конгрес, националното законодавно тело на Кина, денеска ја започна својата седница, на која премиерот Ли Кианг во име на Државниот совет го претстави извештајот за работата на владата.
Во извештајот за работата на Владата беше констатирано дека државата ги постигна главните цели за економски и социјален развој за 2023 година и покрај бројните тешкотии и предизвици во земјата и странство.
Кинескиот претседател Си Џинпинг и други кинески лидери присуствуваа на сесијата на отворањето во Големата сала на народот.