Кина повикува на итен прекин на огнот: „Ова особено се однесува на Израел“

Loading...
Сподели со своите пријатели

Денес, Кина ги повика сите страни вклучени во конфликтите на Блискиот Исток, особено Израел, веднаш да престанат со непријателствата, пренесува АФП.

Изјавата доаѓа во време кога размената на оган меѓу Иран и Израел продолжува, додека американскиот претседател Доналд Трамп разгледува евентуално вклучување на САД во конфликтот.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун, изјави:

„Кина силно ги повикува сите страни во конфликтот, особено Израел, да ги стават интересите на луѓето од регионот пред сè, веднаш да го прекинат огнот и да ги запрат конфликтите.“

Тој додаде дека Пекинг цврсто се спротивставува на секој потег што го нарушува суверенитетот, безбедноста и територијалниот интегритет на други земји, како и на секоја употреба на сила или закана со сила во меѓународните односи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Болница на југот на Израел погодена од ирански напади