Кина е длабоко разочарана од одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да активира трговски мерки против Кина, соопшти кинеската амбасада во Вашингтон.
– Доколку САД започнат трговска војна, Кина со сите неопходни средства ќе се бори до крај за да ги брани своите легитимни интереси, се наведува во соопштението на амбасадата.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави трговски мерки против Кина со образложение дека дефицитот на САД во трговијата со Кина е надвор од контрола и дека изнесува 504 милијарди долари, обвинувајќи го истовремено Пекинг за кражба на интелектуална сопственост.