Кина ја погуби Ју Хуаин (61), која заедно со соучесниците киднапирале и продале 17 деца, меѓу кои и нејзиниот син, соопшти Врховното обвинителство на Кина.
Судот во провинцијата Гуижоу го осуди Ју на смрт во октомври.
„Откако Врховниот народен суд ја потврди смртната казна, второстепениот суд во градот Гујанг, провинцијата Гуиџоу, на 28 февруари го погуби Ју Хуаин“, се вели во соопштението на судот, пренесува РИА Новости.
Судот утврди дека од 1993 до 2003 година, Ју Хуаин, заедно со соучесниците, киднапирале 17 деца од провинциите Гуижоу и Јунан, како и од градот Чонгкинг и ги продавале во провинцијата Хебеи, објави Ксинхуа претходно.
Весникот Ксинџијанг Бао објави дека Ју била рамнодушна кон жртвите и не покажала каење за време на судењето.
Првото дете што Ју го продала бил нејзиниот син, а претходно била уапсена, но во тоа време била осудена на осум години.