Кина се подготвува да лансира ракета што треба да донесе примероци на почва од Месечината.
Огромна ракета „Долг марш -5“ ја влечеа тракторите од хангарот до лансирната рампа во вселенската база во близина на Венчанг, а според планот, таа треба да биде лансирана веќе следната недела, објави АП.
Научниците се очекува да проучат примероци собрани на Месечината за прв пат по американските и руските мисии пред околу 40 години.
Кинеско вселенско летало веќе е на пат кон Марс, а на Месечината функционира роботски модул, кој врши детални мерења на зрачењето од површината на Месечината пред заминувањето на кинеските астронаути кон овој сателит на Земјата.
Слична мисија на кинеската вселенска програма не успеа за време на лансирањето, но благодарение на големиот потенцијал на бројни кинески научници и инженери, се чини дека Кина успеа да ги надмине повеќето пречки.